Согласно последните измени на Законот за данок на додадена вредност (“ДДВ”) се пропишува обврска за пријавување за целите на ДДВ на странско лице коe нема ниту седиште, ниту подружница во земјата, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување согласно Законот за ДДВ.
Странските лица кои ќе се регистрираат за цели на ДДВ во земјата се обврзани да назначат даночен застапник, кој ќе има обврска во нивно име и за нивна сметка:
да го пресмета данокот,
да поднесе даночна пријава,
да го плати данокот,
да плати камата во случај на задоцнето плаќање на данокот, како и
да води сметководствена евиденција.
Даночниот застапник исто така солидарно гарантира за данокот на додадена вредност кој го должи странското лице регистрирано за цели на ДДВ.
Останува отворено прашањето како ќе се применуваат одредбите за самопресметковен ДДВ во случај кога странскиот вршител на промет е регистриран за ДДВ во земјата.
Овие измени се применливи од 1 јануари 2024 година.
PwC Северна Македонија може да Ви помогне по пат на:
Помош и совет во врска со обврската за назначување на ДДВ застапник.
Пресметка и пријавување на ДДВ.
Специјализирани обуки на вработените за измените во ДДВ регулативата.
За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу: