Pitch. Match. Grow.

07/02/20


Playback of this video is not currently available

Pitch. Match. Grow.

Startup conference, Skopje, February 2020

На 26 и 27 февруари во хотел Мериот во Скопје се одржа конференцијата Pitch. Match. Grow., организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, со поддршка на USAID BEP, Стартап Македонија и Скопје Marriott Хотел. 

Конференцијата започна со воведно обраќање на Драган Давитков, Директор во PwC Северна Македонија по што следеше официјалниот дел од програмата.

“Вложивме доста напор во организацијата на оваа конференција. Нашиот обид да се доближиме до стартап заедницата е затоа што веруваме дека заеднички можеме да направиме многу и сме тука да ве поддржиме во вашиот успех.” - изјави Драган Давитков на самото отварање на конференцијата.

На овој  настан кој е прв од овој тип за PwC во Скопје, учесниците можеа да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на своите проекти/идеи/стартапи. Учесниците на панел дискусиите во двата дена успеаа со практични примери и конкретни прашања да ја направат оваа средба уште поинтересна и покорисна.

На дводневната конференција се презентираа можностите за инвестирање и начините на аплицирање кои што ги нудат инвеститорите, а се презентираа и самите стартапи (Pitch), така што секој стартап или секој што веќе има идеја, можеше да се идентификува во процесот и да одреди од каде е најсоодветно да побара инвестиција (Match), што пак ќе придонесе да го унапреди својот бизнис, за тој да премине во следната фаза од својот раст (Grow).

 

За време на конференцијата стартапите имаа можност да се поврзат со инвеститори и консултанти, да слушнат можности за разновидни финансирања и програми кои ги нудат PwC и останатите учесници. 

Првиот ден од конференцијата го обележаа две панели дискусии, како и pitching сесија, на која имаа можност 10 стартапи да ја презентираат својата идеја. Панел дискусијата #StraightToThePoint насоки од успешни стартап приказни ја водеше Иван Маџов од Startup Macedonia во која што учесниците Драган Јосифовски - Paket.mk, Гентиан Елмази и Агон Фејза - Notarised, Душан Гајик - Cognism, Душко Jордановски - H4, Горан Стојановски - Elevate Global разговараа за нивниот пат и развоj и го споделија своето искуство и совети, по што следеше панел дискусијата со инвеститорите од UKIM Accelerator, SEEU Tech Park, SC Ventures, FITR, CEED Macedonia Business Angels Club, SEAVUS Accelerator, SEAF кои говореа за различните можности за финансирање. Оваа панел дискусија ја водеше Ивана Станковиќ.  

Вториот ден од конференцијата го отвори Каролина Каровска Божиноска, Раководител на Одделот за промоција, едукација и развој во Македонска Берза. Присутните имаа можност да слушнат интересна презентација на PwC Велика Британија за достапни стартап програми, а краток осврт на своето искуство даде и Момчил Василев, од компанијата Енедевор од соседна Бугарија.

Главен говорник на вториот ден од конференцијата беше г-ѓа Ивана Шољан, водечки инвеститор на Funderbeam во Хрватска, водечки инвеститор во Include и Главен Извршен директор на хрватската организација за креирање на екосистем за стартапи HUB385,која сподели корисни информации и совети од својата долгогодишна работа. Од Иван Мрвош, Извршен директор на Includе, преку интересна видео презентација дознавме за неговата успешна стартап приказна токму преку Funderbeam програмата. 

Ивана Гажич, Претседател на Управниот одбор на Загребска берза говореше како да подготвите добра апликација за финансирање на Funderbeam, а Патрик Бустилс, соосновач на Stage-Go & CoderDojo од Турција,  говореше за клучните предизвици за влез во странство преку Бизнис кафе, поддржано од НЦРИПУ. 

Pitch. Match. Grow. во бројки - 

  • 200 учесници

  • 10 стартапи со презентација (pitching)

  • 6 успешни компании

  • 7 инвеститори

  • 6 спикери

 

Се надеваме дека како резултат на успешно спроведената конференција ќе произлезат бројни соработки и дека ќе придонесуваме и понатаму во зајакнувањето на стартап екосистемот во државата.

 

Stay tuned!


Supported by:

USAID BEP

Skopje Marriott Hotel

startup macedonia
Follow us