02/03/23
Март, 2023
Во собраниска процедура се предлог измени на Законот за данок на додадена вредност со кои се воведува оданочување со ДДВ на кало, растур, крш и расипување.
ДДВ ќе се пресметува на искажаниот износ на трошок на кало, растур, крш и расипување на добра под следните услови:
Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи за даночни цели се утврдени по индустриска гранка во посебен правилник.
Кај оние индустриски гранки кои не се опфатени во правилникот, овие трошоци за даночни цели не може да отстапуваат од вообичаените износи кои настануваат во дејностите од иста или слична природа.
Во отсуство на законска регулатива, даночните обврзници ќе треба самостојно да ги утврдат износите кои се вообичаени за нивната дејност со интерен акт. Освен за ДДВ, овие интерно утврдени износи ќе имаат влијание и врз оданочувањето со данок на добивка.
Предвидено е овие одредби да се применуваат од денот на објавување на промените во Службен весник.
Како можеме да Ви помогнеме?
PwC Северна Македонија може да Ви помогне по пат на:
За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу:
--------------
Мирослав Марчев
Партнер, Даночни и правни услуги
Моб: +389 70 270 177
E-mail: miroslav.marchev@pwc.com
Ели Боцевска Груеска
Сениор менаџер
моб: +389 72 307 510
E-mail: eli.bocevska.grueska@pwc.com
Ана Шајноска Георгиjевска
Сениор менаџер
Моб.: +389 72 307 509
E-mail: ana.shajnoska@pwc.com