Даночно известување: Планирани измени на документациските обврски за трансферни цени

14/03/23

14 Март, 2023

Во собраниска процедура се предлог измени на Законот за данок на добивка со кои се се укинува обврската за поднесување на Извештајот за трансферни цени до Управата за јавни приходи до 30 септември наредната година, за претходната година. 

Сепак, даночните обврзници кои ги исполнуваат законските услови и натаму ќе имаат обврска да го изготват Извештајот во пропишаната форма, како и да го чуваат истиот во рок од 10 години од истекот на годината за која се однесува. 

Согласно измените, Управата за јавни приходи може да побара достава на Извештајот по истекот на 30 дена од рокот за поднесување на даночен биланс, а даночниот обврзник ќе биде должен да и го достави во рок од 15 дена од барањето. Со оваа измена, ефективно ќе се скрати рокот за подготовка на документацијата за трансферни цени до 1 мај наредната година, за претходната година.

За даночните обврзници кои имаат обврска за изготвување и чување на Извештај за трансферни цени, се воведува нов Прилог П/ТЦ за трансакциите со поврзани лица. Овој Прилог се доставува до УЈП заедно со Даночниот биланс. 

Предвидено е оваа одредба да се применува од 1 Јануари 2023 година. По исклучок, за деловната 2022 година останува обврската за поднесување на Извештај за трансферни цени до 30 септември 2023 година.

 

Како можеме да Ви помогнеме?

PwC Северна Македонија може да Ви помогне по пат на:

  1. Помош и совет во врска со примена на правилата за трансферни цени.
  2. Изработка на документација за трансферни цени во пропишан формат.

  3. Изработка на групациска политика за трансферни цени.

  4. Специјализирани обуки на вработените за трансферни цени.

За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу:

--------------

Мирослав Марчев
Партнер, Даночни и правни услуги
Моб: +389 70 270 177
E-mail: miroslav.marchev@pwc.com

Ели Боцевска Груеска
Сениор менаџер
моб: +389 72 307 510
E-mail: eli.bocevska.grueska@pwc.com

Ана Шајноска Георгиjевска
Сениор менаџер
Моб.: +389 72 307 509
E-mail: ana.shajnoska@pwc.com


Follow us