Даночно известување: Посебни ДДВ правила за вредносни ваучери

21/03/23

21 Март, 2023

Во собраниска процедура се предлог измени на Законот за данок на додадена вредност со кои се воведуваат посебни правила за оданочување на вредносните ваучери со ДДВ. 

Новите правила главно ќе влијаат на големите трговци кои прифаќаат ваучери како надоместок за продадените добра/услуги, друштвата кои вршат промет со ваучери и друштвата кои издаваат ваучери во рамките на нивните програми за промоција на бизнис дејноста.

За ДДВ цели, вредносен ваучер (во физичка или електронска форма) претставува инструмент за кој постои обврска да се прифати како надоместок или дел од надоместок за промет на добра или услуги, доколку:

  • прометот на добра, односно прометот на услуги е познат, или

  • потенцијалиот вршител на прометот на добра или прометот на услуги и условите за употреба на вредносниот ваучер се наведени на самиот вредносен ваучер или во поврзана документација. 

Со измените се прави разлика меѓу еднонаменски и повеќенаменски вредносни ваучери, за кои важат различни правила за пресметување на ДДВ при нивниот пренос и размена. Кај еднонаменскиот ваучер ДДВ се пресметува во моментот на преносот на ваучерот, а не се пресметува при неговата размена за добра или услуги. Кај повеќенаменските ваучери правилото е обратно.

Предвидено е овие одредби да се применуваат од денот на објавување на промените во Службен весник.

 

Како можеме да Ви помогнеме?

PwC Северна Македонија може да Ви помогне по пат на:

  1. Помош и совет во врска со новите ДДВ правила за вредносни ваучери.

  2. Темелна анализа на компаниските програми за промоција од ДДВ аспект.

  3. Специјализирани обуки на вработените за измените во ДДВ регулативата.

За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу:

--------------

Мирослав Марчев
Партнер, Даночни и правни услуги
Моб: +389 70 270 177
E-mail: miroslav.marchev@pwc.com

Ели Боцевска Груеска
Сениор менаџер
моб: +389 72 307 510
E-mail: eli.bocevska.grueska@pwc.com

Ана Шајноска Георгиjевска
Сениор менаџер
Моб.: +389 72 307 509
E-mail: ana.shajnoska@pwc.com


Follow us