Јануари, 2023
Владата на Република Северна Македонија најави подготовка на Предлог на Закон за данок за солидарност.
Предлог законот за оваа мерка сеуште е во работна верзија и не е во собраниска процедура. Истиот е доставен до одредени институции и стопански комори со цел разгледување и понатамошни допрецизирања.
Согласно нацрт верзијата, обврзник за данок на солидарност е обврзникот за данок на добивка кој во 2022 година ќе оствари вкупен приход поголем од 615 милиони денари.
Даночната основа ќе зависи од разликата помеѓу основата за данок на добивка за 2022, и основата за данок на добивка прикажана во даночните биланси за претходни години, почнувајќи од 2017 година. При утврдување на даночната основа, 2020 година е исклучена од пресметката. Основен услов за оданочување е зголемување на оданочивата добивка за 2022 година (а во одредени случаи просекот за 2021 и 2022 година) за повеќе од 20% во однос на претходните години.
Стапката на данокот за солидарност ќе изнесува 30% и данокот ќе се утврдува со поднесување на посебен даночен биланс до 15 март 2023.
Рокот за плаќање на данокот за солидарност е предвидено да биде 1 април 2023 година.
Предлог законот не предвидува посебни прилагодувања на основата за оданочување, освен исклучувањето на приходите остварени во стечајна постапка од продажба на имот за намирување на доверителите. Дополнително, предлог законот содржи специфични правила за определување на основата за данок за солидарност за друштвата кои имале даночни загуби во предходните периоди, како и друштвата кои имале статусни промени.
Друштвата - корисници на ТИРЗ не се исклучени од обврската за еднократниот данок, независно од општото ослободување од данок на добивка, за кое може да имаат право согласно Законот за ТИРЗ.
Потенцијалното ново законско решение отвaра редица специфични сметководствени и даночни дилеми. Неговата примена ќе влијае на времето на признавање на новиот данок, неговата природа и класификација за сметководствени цели, активностите за затворање на сметководството на крајот на годината, коректното применување на правилата за трансферни цени.
Симнете го документот во pdf формат.
За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу:
--------------
Мирослав Марчев
Партнер, Даночни и правни услуги
Моб: +389 70 270 177
E-mail: miroslav.marchev@pwc.com
Ели Боцевска Груеска
Сениор менаџер
моб: +389 72 307 510
E-mail: eli.bocevska.grueska@pwc.com
Ана Шајноска Георгиевска
Сениор менаџер
Моб.: +389 72 307 509
E-mail: ana.shajnoska@pwc.com