Даночно известување: Се воведува ДДВ застапник за странски лица

28/03/23

28 Март, 2023

Во собраниска процедура се предлог измени на Законот за данок на додадена вредност со кои се пропишува обврска за пријавување за целите на ДДВ на странско лице коe нема ниту седиште, ниту подружница во земјата, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување согласно Законот за ДДВ.  

Странските лица кои ќе се регистрираат за цели на ДДВ во земјата се обврзани да назначат даночен застапник, кој ќе има обврска во нивно име и за нивна сметка:

  • да го пресмета данокот, 

  • да поднесе даночна пријава, 

  • да го плати данокот, 

  • да плати камата во случај на задоцнето плаќање на данокот, како и 

  • да води сметководствена евиденција.

Даночниот застапник исто така солидарно гарантира за данокот на додадена вредност кој го должи странското лице регистрирано за цели на ДДВ. 

Останува отворено прашањето како ќе се применуваат одредбите за самопресметковен ДДВ во случај кога странскиот вршител на промет е регистриран за ДДВ во земјата.

Предвидено е овие измени да се применуваат од 1 јули 2023 година.

 

Како можеме да Ви помогнеме?

PwC Северна Македонија може да Ви помогне по пат на:

  1. Помош и совет во врска со обврската за назначување на ДДВ застапник.
  2. Пресметка и пријавување на ДДВ.
  3. Специјализирани обуки на вработените за измените во ДДВ регулативата.

За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу:

--------------

Мирослав Марчев
Партнер, Даночни и правни услуги
Моб: +389 70 270 177
E-mail: miroslav.marchev@pwc.com

Ели Боцевска Груеска
Сениор менаџер
моб: +389 72 307 510
E-mail: eli.bocevska.grueska@pwc.com

Ана Шајноска Георгиjевска
Сениор менаџер
Моб.: +389 72 307 509
E-mail: ana.shajnoska@pwc.com


Follow us