Известување: Нови ДДВ правила за место на промет на услуги и услуги обезбедени по електронски пат

07/03/23

7 Март, 2023

Во собраниска процедура се предлог измени на Законот за данок на додадена вредност со кои се воведува значајна промена кај правилата за место на промет на услуги за ДДВ цели.

При одредување на местото на промет на услуги ќе стане важен статусот на примателот на услугите или поточно, дали примателот на прометот е даночен обврзник (бизнис) или лице кое не е даночен обврзник (потрошувач). Даночните обврзници ќе треба темелно да се запознаат со новите правила за да можат правилно да ја пресметаат ДДВ обврската на своите фактури за услуги. Новите правила ќе влијаат и на обврската за самопресметување на ДДВ во случаи кога даночните обврзници примаат услуги од странство.

Согласно новите општи правила:

  • за место на промет на услуги извршени кон даночен обврзник (бизнис) ќе се смета местото каде примателот на услугата има вистинско седиште.

  • за место на промет на услуги извршени кон лице кое не е даночен обврзник (потрошувач) ќе се смета местото каде што вршителот на прометот на услуги има вистинско седиште. 

Постојат бројни исклучоци од општите правила за утврдување на место на промет на услуги, кои зависат од видот на услугата, како на пример, услуги поврзани со недвижности, превоз на патници, изнајмување на превозни средства, угостителски услуги, културни, уметнички, спортски, едукативни, научни и забавни услуги итн. 

Исто така, услугите обезбедени по електронски пат се дефинираат како нов вид на услуги за ДДВ цели. Во дефиницијата на овие услуги влегува:

  • изработка на веб-страници, веб-хостинг, одржување на програми и опрема на далечина, 

  • софтвер и негово ажурирање, 

  • слики, текст и информации и ставање на располагање на бази на податоци, 

  • музика, филмови и игри, вклучувајќи игри на среќа, како и политички, културни, уметнички, спортски, научни и забавни емитувања и настани и 

  • настава на далечина.

За место на промет за овие услуги ќе се смета седиштето, живеалиштето или престојувалиштето на примателот на услугата, без оглед на тоа дали услугата е извршена кон даночен обврзник (бизнис) или кон лице кое не е даночен обврзник (потрошувач).

Предвидено е измените за местото на промет на услуги да се применуваат од 1 јули 2023 година.

 

Како можеме да Ви помогнеме?

PwC Северна Македонија може да Ви помогне по пат на:

  1. Помош и совет во врска со новите правила за место на промет на услуги за ДДВ цели.

  2. Асистенција при одредување на статусот на примателот на прометот на услуги за ДДВ цели.

  3. Специјализирани обуки на вработените за измените во ДДВ регулативата.

За повеќе детали, обратете се на вашите редовни контакти во PwC или на лицата наведени подолу:

--------------

Мирослав Марчев
Партнер, Даночни и правни услуги
Моб: +389 70 270 177
E-mail: miroslav.marchev@pwc.com

Ели Боцевска Груеска
Сениор менаџер
моб: +389 72 307 510
E-mail: eli.bocevska.grueska@pwc.com

Ана Шајноска Георгиjевска
Сениор менаџер
Моб.: +389 72 307 509
E-mail: ana.shajnoska@pwc.com


Follow us