Дилеми за третманот на фотоволтаичните централи поставени на кров

 

Во праксата има неколку случаи во кои општините почнаа да наплатуваат данок на имот за фотоволтаичните централи („фотоволтаици“) поставени на кров.

Овие изолирани случаи покренуваат две основни прашања за сопствениците на фотоволтаици i ) дали самите фотоволтаици како имот или пак, евентуалната вредност која фотоволтаиците ја додаваат на постоечката недвижност, се оданочиви со данок на имот, и доколку е така, ( ii) како се утврдува данокот во овој случај. Одговорноста да дадат одговори на овие прашања ја имаат државните и локалните органи кои се надлежни за администрација на даноците на имот. Овие органи дејствуваат во рамките на одредбите пропишани со Законот за даноците на имот (Законот) и Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот („Методологијата“).

Согласно Законот, данок на имот се утврдува и наплаќа на сите видови на недвижности, освен оние кои се екплицитно изземени од оваа обврска. Дефиницијата за недвижност вклучува земјиште, згради и други објекти, како и инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.

Класификацијата на фотоволтаиците поставени на кров како објект кој се оданочува со данок на имот е комплицирана од следниве причини:

•Одговорот на прашањето дали фотоволтаиците се отстранлива опрема или „инсталација“ која е „трајно споена“ со зградата, зависи од толкувањето на овие поими од страна на општинската администрација;

•Листата на „други објекти“ (гаражи, амбари, штали, плевни шупи) наведена во Методологијата, не ги вклучува фотоволтаиците.

Друга дилема е како да се вреднуваат фотоволтаиците на кров за целите на данокот на имот. Според Методологијата, пазарната вредност на објектите за данокот на имот се утврдува по метар квадратен функционална површина, а врз основа на збир на пресметковни бодови, како што следи:

•Бодови за основните елементи на објектот кои се доделуваат за карактеристики како што се: вид на градба, врати, прозори, вид на инсталиции итн., чиј збир ја претставува градежната вредност на објектот

•Бодови за дополнителните елементи на објектот за карактеристики како што се: катноста на објектот, микролокацијата, макролокацијата и атрактивноста на објектот, кои се додаваат на градежната вредност и ја претставуваат пазарната вредност на објектот.

Проблемот настанува поради тоа што Методологијата не пропишува посебни критериуми за вреднување на фотоволтаици поставени на кров. Дополнително, и кај оние малку случаи за кои знаеме, општинската администрација не ги обзнани критериумите врз основа на кои ја имаше проценето даночната основица за данок на имот на фотоволтаици.

Последната дилема која треба да ја разрешат државните и општинските органи е дали наметнувањето на данок на имот на домаќинствата и деловните субјекти за фотоволтаиците поставени на кров е вистинскиот чекор напред, имајќи ја предвид националната Стратегија за климатска акција. Имено, во некои европски држави, со цел да се поттикне развојот на алтернативната енергија, се воведени даночни поволности од аспект на данокот на имот за имоти, земјиште и основни средства кои служат за производство на обновлива енергија.

Министерството за финансии, како надлежен орган кој врши надзор над законитоста на спроведување на регулативата за даноците на имот, може да помогне да се разрешат горенаведените дилеми, по пат на заземање на формален став и давање насоки на општините за оваа проблематика.

Како можеме да Ви помогнеме?

ПрајсвотерхаусКуперс ДООЕЛ може да Ви помогне по пат на:

1.Помош и совети во врска со даноците на имот
2.Помош и совети за други даночни и правни прашања поврзани со соларните фотоволтаици
3.Специјализирани обуки за вработените

За повеќе детали, Ве молиме обратете се на вашите редовни контакти во ПрајсвотерхаусКуперсДООЕЛ или на лицата наведени во делот Контакти .

Contact us

Miroslav Marchev

Miroslav Marchev

Country Managing Partner, PwC North Macedonia

Tel: +389 2 3140 900

Ana Shajnoska

Ana Shajnoska

Senior Tax Manager, PwC North Macedonia

Tel: +389 2 3140 900

Eli Bocevska Grueska

Eli Bocevska Grueska

Senior Tax Manager, PwC North Macedonia

Tel: +38923140900

Follow us