Terms and Conditions PwC's Academy

Правила и Услови на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс (PwC)   

 

 

1.Предмет на Договорот

 

ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје, Северна Македонија, со ЕМБС 6333370, со седиште на Бул. 8ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар 2ри кат, 1000 Скопје, со електронска пошта адреса mk_academy@pwc.com, тел.+389 2 3140 900 (ПрајсвотерхаусКуперс, или Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс), ќе му обезбеди на клиентот („Клиентот“ или „Вие“), по комплетиран и доставен Oбразец за регистрација („Апликација“), обука и/или серија обуки како што е специфицирано во Апликацијата („Обука“).

Клиентот е лице/ентитет кое/кој ја пополнува Апликацијата и на кого ќе му се издаде фактура. Се подразбира дека лицето кое ја пополнува Апликацијата го прави тоа во свое лично име или има полномшно за тоа. Лажно претставување е забрането и казниво согласно закон.

Овие Правила и Услови, заедно со Апликацијата, го сочинуваат Договорот за обезбедување услуга („Договор“).

 

2.  Место на одржување на обуката, Датум, Технички информации

 

Обуката ќе се изведува или во просториите на PwC на наведената адреса Бул. 8ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар 2ри кат, 1000 Скопје, Северна Македонија, или на некоја друга локација одредена од PwC („Место на одржување“), или ќе се одржи и  ќе биде достапна онлајн. Местото на одржување и датумот/те кога ќе започне/ат Обуката/те („Датум на обука“) ќе бидат достапни на веб-страницата на Академијата на PwC и/или ќе бидат вклучени во Информациите за обуката (вклучувајќи и друг промотивен материјал, понуди и сл.), кои ќе му бидат обезбедени на Клиентот директно на електронска пошта или на друг начин („Информации за обуката“).

Технички информации за Онлајн Обуки

За да пристапите до онлајн обуките се препорачува да го користите следниов пребарувач: Microsoft Edge for Windows 10, најновата верзија на Google Chrome. Потребно е да се дозволат “колачиња (cookies)” и “поп-ап” прозорци, и да дозволите пристап до микрофонот и камерата на вашиот уред. Безбедносниот систем на вашиот уред и пребарувачот не би требало да го блокираат пристапот до страницата на PwC (www.pwc.com; www.pwc.com/mk).

Потребна е широкопојасна (broadband) интернет конекција (препорачливо е минимум 1-2 Mbps).

Технички информации за електронски обуки (e-learnings): 

Откако ќе се регистрира за електронскa обукa, Клиентот ќе добие корисничко име и лозинка за пристап до регистрираната содржина. Пристапот до регистрираната содржина е неограничен за период од 6 месеци.

За да може дa се користи онлајн Порталот на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс и да се пристапува до содржината на електронските обуки, подолу се опишани потребните технички параметри.

Во случај Клиентот да сака да пристапи до системот преку неговиот/нејзиниот службен компјутер, можно е да се случи одредени поставки да го спречат пристапот до онлајн порталот и до содржината на електронските обуки.

Оперативен систем: Microsoft Windows (XP и поновите верзии), Linux (Ubuntu, Debian, Red Hat, CentOS), MacOS (Mavericks и поновите верзии).

Пребарувач: Microsoft Edge for Windows 10, Internet Explorer (IE) 11 и повисоко, најновиот Apple Safari, најновиот Mozilla Firefox, најновиот Google Chrome.

Треба да се дозволат “колачиња”  и поп-ап прозорци. 

Во случај на 32-битен оперативен систем пребарувачот треба да биде 32-битна верзија.

Во случај на 64-битен оперативен систем пребарувачот треба да биде исто така 64-битна верзија

Потребен е Acrobat Reader:8.0 или подоцнежна верзија за да се читаат PDF документите. Поставки на безбедносниот систем (firewall): Некои делови од Обуката се достапни во .swf формат, кој содржи слики (jpeg, png), мултимедија (mp3, mp4) и текстуални фајлови (xml, xsd). Безбедносниот систем (firewall) и пребарувачот не треба да го блокираат пристапот до овие типови фајлови. 

Потребна е широкопојасна (broadband) интернет конекција (препорачливо е мин. 1-2 Mbps), 1024x768, 32-битна резолуција на дисплејот.

3. Природата на Обуката

При организацијата и обезбедувaњето на Обуката, ПрајсвотерхаусКуперс нема да спроведува (i) ревизија или друг ревизорски ангажман во согласност со професионалните стандарди кои се на сила и (ii) нема да обезбедува какви било правни, сметководствени и даночни совети или професионални совети за бизнисот. 

 

Обуката и сите обезбедени материјали за истата се информативни по природа, и немаат за цел да бидат конечна или сеопфатна анализа на предметот, и не треба да бидат сметани дека претставуваат замена за професионално советување. Клиентот мора независно да ја процени соодветноста на користењето на материјалите за обука кои ги добил за време на Обуката. ПрајсвотерхаусКуперс се иззема од одговорност за какви било заклучоци донесени од Клиентот (учесниците) кои произлегле како резултат на обезбедувањето на услугите, ниту за каква било практична примена на таквите заклучоци. 

 

4. Надомест и Услови за плаќање


Надоместоците за Обуките се достапни на веб-страницата на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс или во Информациите за Обуката обезбедени на Клиентот директно на електронска пошта или на друг начин. Надоместокот исто така ќе биде достапен во Апликацијата која Клиентот ќе ја достави до ПрајсвотерхаусКуперс. 

Регистрацијата за Обуката е обврзувачка. На Клиентот ќе му биде доставена фактура по пошта или електронски на адресата внесена во Апликацијата. Клиентот треба да го плати надоместокот за услугите наведен на фактурата („Надоместок“) во рок од две недели од датумот на фактурата. Надоместокот е без пресметан ДДВ.

На Клиентот нема да му се наплатат никакви други дополнителни трошоци од страна на ПрајсвотерхаусКуперс. Клиентот сепак ќе биде одговорен за своите трошоци поврзани со Обуката  (вклучително трошоци поврзани со патување и сместување, трошоци за соодветна ИТ опрема, софтвер и интернет конекција, и друго).

 

5. Откажување и Замена

а) Отажување на присуството на Клиентот - физичко лице (потрошувач како што е дефинирано со Законот за заштита на потрошувачите)


Клиентот - потрошувач може да го откаже своето присуство на Обуката, т.е. да го раскине Договорот, без да наведе причина за откажувањето и без пенали, во рок од 14 календарски денови од датумот на склучувањето на Договорот (датумот на поднесувањето на Аликацијата) но секако пред датумот на започнување на Обуката.

Секое откажување/раскинување на Договорот од страна на Клиентот мора да биде во писмена форма и доставено до ПрајсвотерхаусКуперс или до регистрираната поштенска адреса или по електронска пошта пратен до следната адреса: mk_academy@pwc.com. Откажувањето мора ди ги содржи следниве информации: Име и презиме на Клиентот, адреса, телефонски број или електронска пошта, и изјавата за откажување, или Клиентот може да го употреби образецот достапен овде. Образецот може да се пополни електронски.
На Клиентот ќе му биде доставена потврда за приемот на изјавата за раскинување на електронска пошта.

Ако Договорот е откажан/раскинат во рок од 14 календарски денови од денот на склучувањето на Договорот, и во случај Клиентот да не присуствувал на Обуката/некој дел од Обуката, Клиентот-потрошувач нема да биде задолжен да го плати Надоместокот, или ако Надоместокот веќе бил платен, тој ќе му биде вратен на Клиентот во рок од 14 календарски денови од датумот на приемот на известувањето за раскинување, и ПрајсвотерхаусКуперс нема обврска да ја обезбеди Обуката. Повратот на надоместокот ќе биде изведен на истиот начин како што е платен надоместокот или на друг начин со претходна согласност на Клиентот.

 

Сепак, доколку Клиентот не го информира ПрајсвотерхаусКуперс за својата одлука да го раскине Договорот пред Датумот на започнување на Обуката, ќе се смета дека Клиентот ја посетувал Обуката и ќе биде задолжен да го плати целосно износот на Надоместокот за Обуката. 

 

б) Отажување на присуството на Клиентот - правно лице, или кој било друг ентитет кој не е опфатен со Законот за заштита на потрошувачи

 

Обуката може да биде откажана без пенали најмалку 11 календарски денови пред Датумот на започнување на Обуката.

Ако откажувањето е на помалку од 11 дена пред Датумот на започнување на обуката, Клиентот е должен да ги плати следните износи: 

  • Ако откажувањето е во рок од 10 (десет) до 7 (седум) денови пред Датумот на почеток на Обуката  - 25% од вкупната сума на Надоместокот.

  • Ако откажувањето е во рок од 7 (седум) до 3 (три) денови пред Датумот на почеток на Обуката - 50% од вкупната сума на Надоместокот.

  • За откажување 3 (три) или помалку денови пред Датумот на почеток на Обуката - 100% од Надоместокот. 

 

Во сите други случаи ПрајсвотерхаусКуперс има право да го наплати целосниот износ на Надоместокот.
Во случај на отсуство, без соодветно откажување како што е наведено погоре, Клиентот е должен да го плати целосниот износ на Надоместокот т.е. нема право на поврат на платениот Надоместок. 

Какво било откажување од страна на Клиентот мора да биде во писмена форма, и доставено до ПрајсвотерхаусКуперс или на наведената поштенска адреса или по електронска пошта на следната адреса: mk_academy@pwc.com

Потврда за приемот ќе му биде доставена на Клиентот на електронска пошта.

За датум на откажувањето ќе се смета датумот на доставата на писмената изјава за откажување на Договорот од страна на Клиентот до ПрајсвотерхаусКуперс.  


в) Откажување на Обуката од страна на ПрајсвотерхаусКуперс


Во случај на откажување на Обуата од страна на ПрајсвотерхаусКуперс, на Клиентот ќе му биде вратен платениот Надомест, т.е. нема да биде задолжен за плаќање на откажаната Обука.

 

г) Замена на учесниците од страна на Клиентот


Клиентот може во кое било време пред Датумот на започнување на Обуката да го/ги замени пријавениот/те учесник/ци со друг/и, без тоа да влијае на Надоместокот (освен ако Курсот е организиран во соработка со професионални организации). Барањето за замена треба да биде во писмена форма и доставени до ПрајсвотерхаусКуперс на наведената поштенска адреса или по електронска пошта на следната адреса: mk_academy@pwc.com
Потврда за приемот ќе му биде доставена на Клиентот на електронска пошта. 

 

д) Обука организирана во соработка со професионални организации

 

Во случај ако Обуката е организирана во соработка со професионални организации, (CIPD, ACCA, CIMA, ICF, EMCC, и др.), Правилата и Условите на ПрајсвотерхаусКуперс се применливи за организирање на обуката (вклучувајќи ги и условите за откажување), а Правилата и Условите на релевантната професионална организација ќе се применатна статусот на членството на студентот (вклучително и (не)можноста за замена на запишаните индивидуи). 

На Клиентот ќе му бидат доставени соодветните Правила и Услови по неговата регистрација кај соодветната професионална организација.

 

ѓ) Измена на содржината на Обуката, Датумот на започнување на Обуката, Место на одржување

 
ПрајсвотерхаусКуперс може да ја измени содржината на Обуката, или да ги замени предавачите, доколку тоа не ја менува основната цел на Обуката.  

ПрајсвотерхаусКуперс може исто така да ја презакаже Обуката или да го промени Местото на одржување, со претходно известување до Клиентот.

Клиентот ќе биде навремено известен за промените во врска со Обуката, по електронска пошта или телефонски, а сите информации поврзани со Обуката ќе бидат достапни и на веб-страницата на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс.

 

6.  Интелектуална сопственост


ПрајсвотерхаусКуперс ги поседува правата на интелектуална сопственост (сопственност или релевантна лиценца) врз материјалите креирани во рамките на Обуката и дистрибуирани според овој Договор, а Клиентот ќе има не ексклузивна, не пренослива дозвола да ги користи за сопствени  цели. Конкретно и без ограничувања, Клиентот не смее да ги предаде или разоткрие материјалите од Обуката, или копии од нив, на трети лица.

На Клиентот може да му се даде пристап до платформата за учење на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс преку која на Клиентот може да му се обезбедат различни информации, печатени материјали и други материјали за учење.

Клиентот има право да ја користи платформата на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс (доколку му е одобрен пристап) и сите материјали од Обуката добиени во која било форма пред или за време на Обуката исклучиво за своја лична и/или внатрешна употреба. ПрајсвотерхаусКуперс, и соодветно други трети лица - сопственици, остануваат сопственци на сите субјекти на правата на интелектуална сопственост што му се дадени на Клиентот. Клиентот не смее, од која било причина, да дистрибуира показни материјали и/или материјали за Обуката на трети лица, да ја направи платформата на Академијата на ПрајсвотерхаусКуперс достапна за трети лица или да ја презентира содржината на материјалите од Обуката.

Клиентот не може да прави какви било аудио или видео снимки од Обуката, освен од оние дозволени од ПрајсвотерхаусКуперс. 

 

7. Ограничување на одговорноста


ПрајсвотерхаусКуперс не прифаќа никаква одговорност кон никој друг освен Клиентот за Обуката за услугите обезбедени според Договорот. Клиентот се согласува да му надомести на ПрајсвотерхаусКуперс за сите трошоци (вклучувајќи и правни трошоци) кои можат за произлезат за ПрајсвотерхаусКуперс во врска со какво била постапка покрената од трети лица против ПрајсвотерхаусКуперс во врска со Обуката или услугите што му се даваат на Клиентот според овој Договор. Клиентот се согласува да покрене постапка во врска со Обуката и услугите обезбедени според Договорот само против ПрајсвотерхаусКуперс, а не против кој било поединец, како и да е наведено.

До степен дозволен со закон, одговорноста на ПрајсвотерхаусКуперс кон Клиентот ќе биде ограничена на двоен износ на Надоместокот кој го платил Клиентот за Обуката за која е покрената постапка. До степен дозволен со закон, ПрајсвотерхаусКуперс нема да биде одговорен за (i) загуба на добивка,репутација, деловна можност, очекувани заштеди или придобивки, или за (ii) индиректна или последователна загуба.

 

8. Заштита на податоци


ПрајсвотерхаусКуперс ги обработува личните податоци на Клиентот, учесниците и на потенцијалните клиенти/учесници во својство на контролор на податоците во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Сл.Весник 42/20)  и друга релевантна легислатива во Северна Македонија за заштита наличните  податоци.

Личните податоци доставени од Клиентот ќе бидат користени и процесирани само од ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје кој дејствува во својство на контролор на податоците. ПрајсвотерхаусКуперс има назначено Офицер за заштита на личните податоци кој може да биде контактиран на: mk_privacy@pwc.com.

ПрајсвотерхаусКуперс ги обработува личните податоци собрани преку Образецот за регистрација (Апликацијата) со цел склучување и исполнување  на Договорот и за издавање фактура, кои содржат минимален обем на податоци согласно закон. Без овие информации, ПрајсвотерхаусКуперс нема да може да му ги обезбеди на Клиентот понудените услуги. ПрајсвотерхаусКуперс исто така има легитимен интерес да ја користи електронската пошта на Клиентот со цел за испраќање деловни информации во форма на маркетинг материјали и покани за идни курсеви, семинари и конференции. Клиентот има право да го одбие користењето на податоците за маркетинг цели во секое време. Личните податоци што се користат за потребите на сметководството се задржуваат и чуваат во согласност со сметководствената регулатива, а за маркетинг цели, податоците се користат и се чуваат се додека Клиентот не ја повлече согласноста за користење на податоците за маркетинг цели .

Приматели на личните податоци обезбедени од Клиентот може да бидат деловни партнери на ПрајсвотерхаусКуперс - обработувачи на податоци кои ги обработуваат податоците во име на ПрајсвотерхаусКуперс како обработувачи. Исто така, приматели на лични податоци се органите кои ги обработуваат податоците во рамките на државната администрација. Во некои ситуации, ПрајсвотерхаусКуперс може да им обезбеди одредени ограничени информации на предавачите со цел прилагодување на содржината на Обуката кон група учесници.

 

Како субјект на податоците, Клиентот има право да бара пристап до личните податоци,  корекција, бришење или ограничување на обработката на личните податоци, како и право на спречување на обработката и преносливост на податоците. Клиентот, исто така, има право да поднесе жалба до надзорниот орган за заштита на податоци.

Контролор на лични податоци и контакт информации:
ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје, ,Бул. 8ми Септември бр. 16, Хипериум Бизнис Центар 2ри кат, 1000 Скопје, Северна Македонија.
електронска пошта: mk_privacy@pwc.com

   

9. Доверливост

 

ПрајсвотерхаусКуперс ќе ги користи доверливите информации од Клиентот (доколку ги споделил) само во врска со услугите и нема да ги споделува без претходна писмена согласност, освен (i) кога тоа го бара законот или регулативата или кога тоа го бара професионално тело на кое ние или некој од нашиот персонал сме член, или (ii) на своите правни советници или  осигурителни компании. Сепак, ПрајсвотерхаусКуперс може да дава доверливи информации на други фирми на ПрајсвотерхаусКуперс - членки на глобалната мрежа на одделни и независни фирми на ПрајсвотерхаусКуперс („Други фирми на ПрајсвотерхаусКуперс“), или на релевантни подизведувачи или даватели на услуги се додека тие се задолжени со обврските за доверливост. Обврските за доверливост во врска со овој Договор остануваат во сила три години по приемот на таквите информации. Горенаведеното нема да се однесува на информациите кои (i) се јавно достапни, (ii) се добиени од некој друг кој не е обврзан на доверливост за тие информации, или (iii) веќе му биле познати на ПрајсвотерхаусКуперс .

 

10. Виша сила

Ниту една страна нема да биде одговорна за какво било пролонгирање или откажување на спроведување на кој било дел од овој Договор доколку се утврди дека таквото пролонгирање е предизвикано од настани или околности кои биле вон контрола на страната која била оневозможена во спроведувањето.

 

11. Жалби

 

Во случај на какви било жалби во врска со спроведувањрто на Обуката, Клиентот може да го исконтактира ПрајсвотерхаусКуперс преку  електронска пошта на следната адреса mk_academy@pwc.com, или по електронска пошта пратен на адресата наведена под Член 1 погоре. ПрајсвотерхаусКуперс ќе одговори на жалбата во рок од 15 дена од датумот на приемот.

 

12. Пристап/влез на локацијата


Клиентот/учесниците кои ќе ja посетуваат Обуката на лице место треба да обезбедат идентификација и/или да се потпишат на рецепција, зависно од потребите на местото за регистрација. Доколку не покаже идентификација или одбие да се потпише, на Клиентот може да му се одбие пристап до местото на одржување на Обуката. 

Со влез во просториите на ПрајсвотерхаусКуперс (или во други релевантни објекти), Клиентот се согласува да се однесува во согласност со сите законски и внатрешни правила за безбедност, заштита на здравјето, заштита од пожар, како и со кои било други локални обврзувачки закони. Клиентот се задолжува доколку му биде издадена картичка за влез истата да ја врати во оригинална состојба по завршување на Обуката.

 

13. Услуги кон други

 

Клиентот се согласува дека ПрајсвотерхаусКуперс може да дава услуги на конкуренцијата на Клиентот или други лица чии интереси може да се во конфликт со оние на Клиентот, се додека ПрајсвотерхаусКуперс не ги разоткрива доверливите информации на Клиентот и се однесува во согласност со своите етички обврски. Други лица можат да бидат учесници на истата Обука на која присуствува и Клиентот, па се остава на проценка на Клиентот кои информации ќе ги сподели за време на Обуката.



14. Законски одредби


Односот меѓу ПрајсвотерхаусКуперс и Клиентот кој произлегува од овој Договор ќе биде регулиран согласно законите во Северна Македонија. Во случај на спор кој не може да се разреши со добра волја од двете страни, надлежен ќе биде судот во Скопје.


15. Пренос на права и обврски

Клиентот не смее да ги пренесе своите права и обврски произлезени од овој Договор целосно или делумно на трети лица без претходна писмена согласност од ПрајсвотерхаусКуперс. ПрајсвотерхаусКуперс има право да ги пренесе своите права и/или обврски од овој Договор целосно или делумно кон друг ентитет на ПрајсвотерхаусКуперс без согласност на Клиентот. 


16. Други одредби


Во случај на разлики меѓу овие Правила и Услови и Апликацијата, одредбите од овие Правила и Услови ќе преовладуваат.

Follow us
Hide

Required fields are marked with an asterisk(*)

By submitting your email address, you acknowledge that you have read the Privacy Statement and that you consent to our processing data in accordance with the Privacy Statement (including international transfers). If you change your mind at any time about wishing to receive the information from us, you can send us an email message using the Contact Us page.

Contact us

Evgenija Karkinska Lazarovska

PwC's Academy leader, PwC Macedonia